Нови 15 мерки за поддршка на малите и средни претпријатија

Bez autora
Jan 08 2013

Нова Програма за мали и средни претпријатија за 2013 година, во која се инкорпорирани три потпрограми, и тоа за конкурентност, за иновации и за претприемништво, промовира во вторник министерот за економија Ваљон Сараќини. Владата на Република Македонија, преку Министерството за економија, за оваа 2013 година обезбеди вкупно 13.370.000 илјади денари, што е за 50 отсто повеќе од минатата година. По интензивните разговори со стопанските комори, за оваа година, воведени се 15 нови мерки, кои што директно ќе влијаат на конкурентноста на претпријатијата. Меѓу нив се вбројуваат финансиска подршка на бизнис инкубаторите и подршка на бизнис центрите, финансиска поддршка на проекти за промоција на занаетчиството, за надоместување на дел од трошоците за деловните субјекти за воведување на ИСО стандарди, и за првпат за воведување на ХАСАП систем, како и финансиска подршка за компаниите кои што планираат да воведат ХАЛАЛ систем, при што средствата ќе бидат наменети за обезбедување техничка помош на компаниите кои сакаат да го воведат овој систем.

Нови 15 мерки за поддршка на малите и средни претпријатијаНова Програма за мали и средни претпријатија за 2013 година, во која се инкорпорирани три потпрограми, и тоа за конкурентност, за иновации и за претприемништво, промовира во вторник министерот за економија Ваљон Сараќини.

„Владата на Република Македонија, преку Министерството за економија, за оваа 2013 година обезбеди вкупно 13.370.000 илјади денари, што е за 50 отсто повеќе од минатата година. По интензивните разговори со стопанските комори, за оваа година, воведени се 15 нови мерки, кои што директно ќе влијаат на конкурентноста на претпријатијата", истакна Сараќини.

Меѓу нив се вбројуваат финансиска подршка на бизнис инкубаторите и подршка на бизнис центрите, финансиска поддршка на проекти за промоција на занаетчиството, за надоместување на дел од трошоците за деловните субјекти за воведување на ИСО стандарди, и за првпат за воведување на ХАСАП систем, како и финансиска подршка за компаниите кои што планираат да воведат ХАЛАЛ систем, при што средствата ќе бидат наменети за обезбедување техничка помош на компаниите кои сакаат да го воведат овој систем.

„Исто така, за првпат се планирани финансиски средства за организирање на бизнис натпревар 'Биди перспективен, започни свој бизнис', при што со оваа мерка планираме да ги мотивираме студентите да аплицираат со свои бизнис идеи, како и за промоција на бизнис ангелите, како извор на финансирање на малите и средните претпријатија", објасни Сараќини.

Финансиска поддршка во 2013 година е обезбедена и за женското претприемништво и за автентичните занаети, а ќе се надоместат дел од трошоците на деловните субјекти за развој на нов производ или за подобрување на постојниот производ, за воведување на еколошка ознака за производ, за развој на пазарот, за поддршка на патенти, како и на проекти од кластерските здруженија.

За овие 15 мерки постојат различни критериуми за аплицирање и доделување на средствата, а сите тие ќе може да се најдат на веб страната на Министерството за економија почнувајќи од 14 јануари.

Министерството за економија, во соработка со УСАИД, кон средината на овој месец официјално ќе ја промовираат и новата веб страна, каде ќе можат на едно место да се најдат сите програми за подобрување на конкурентноста на претпријатијата, и тоа не само програмите на Министерството за економија, туку и програмите на другите институции (АСИПИ).

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik